Македонските камиони до 27 јуни нема да плаќаат влезна такса

Bez autora
Jun 23 2013

До 27 овој месец одложена е примената на одлуката на косовската влада превозниците од Македонија да плаќаат по 100 евра за влез и транзит низ Косово. Ова на завчерашната средба во Приштина го договорија министрите за транспорт на двете земји, а на која присуствуваа претставници на македонски транспортни асоцијации. Даден е простор двете страни да размислат, односно, македонската страна инсистира да се потпише билатерална спогодба за целосна либерализација на транспортот, додека Косово се залага за воведување на дозволи за и од трети земји кои се во ограничен број и не ќе можат да ги исполнат барањата на македонските превозници.

Македонските камиони до 27 јуни нема да плаќаат влезна таксаДо 27 овој месец одложена е примената на одлуката на косовската влада превозниците од Македонија да плаќаат по 100 евра за влез и транзит низ Косово.

Ова на завчерашната средба во Приштина го договорија министрите за транспорт на двете земји, а на која присуствуваа претставници на македонски транспортни асоцијации.

Како што дознава ВЕЧЕР, даден е простор двете страни да размислат, односно, македонската страна инсистира да се потпише билатерална спогодба за целосна либерализација на транспортот, додека Косово се залага за воведување на дозволи за и од трети земји кои се во ограничен број и не ќе можат да ги исполнат барањата на македонските превозници.

Според извори на ВЕЧЕР, косовската страна не дала цврст одговор дека по преодниот период работите ќе се вратат како пред донесувањето на одлуката за воведување на патната такса, додека од македонското Министерство за транспорт најавиле дека во случај на негативен одговор, Македонија ќе воведе реципрочна мерка за камионите од Косово.

Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на транспортери "Макамтранс", очекува позитивна разрешница на проблемот, бидејќи, како што вели, дека не е во ред Македонија да се споредува со другите држави од регионот.

- Возниот капацитет на Албанија со кое Косово има потпишано билатерална спогодба за либерализација на транспортот, не може да се мери со возниот парк на Македонија. Од друга страна Македонија има потпишано 34 билатерални спогодби за регулирање на патниот превоз од кој 10 се за целосна либерализација - вели Муратовска.

Влатко Кочовски, управител на СИЗ "Македонија сообраќај" - АМЕРИТ ја поздравува навремената реакција на нашите министерства за транспорт и за надворешни работи за брзото решавање на проблемот, што силно ги погоди македонските транспортери, а во очекување на комплетна разрешница и успешно премостување на оваа блокада на македонските транспортери.

- Би апелирал во иднина одговорните фактори и власти во регионот да се воздржуваат од донесување на вакви избрзани и негативни одлуки кои имаат пошироко несакано дејство и последици, не само за транспортерите, туку и за граѓаните кои во крајна линија и ќе ја платат таа давачка - вели Кочовски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik